Германија и Европската унија размислуваат дали да ја прогласат иранската Револуционерна гарда за терористичка организација, изјави денеска германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок.
„Јасно кажав минатата недела дека ќе започнеме уште еден пакет санкции и дека ќе испитаме како можеме да ја вклучиме Револуционерната гарда во терористичките организации“, изјави Бербок за германската телевизија АРД, пренесе Ројтерс.
Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок ги даде коментарите откако шефот на Револуционерната гарда ги предупреди демонстрантите дека саботата е последниот ден за излегување на улиците, што значи дека безбедносните сили би можеле да го интензивираат и онака жестокото задушување на широко распространетите немири,пренесе Танјуг.