Утрински Весник
Спорт

Бенфика и Руи Коста под истрага за местење мечеви!

Бенфика и Руи Коста под истрага за местење мечеви!

Еден од најголемите португалски клубови, Бенфика и нивниот претседател Руи Коста се под истрага за местење мечеви, иако се работи за период во кој тој не беше на чело на клубот од 2016 до 2020 година, тврдат португалските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Овие вести доаѓаат година и пол откако претходниот долгогодишен претседател на Бенфика, Луис Филипе Виеира мораше да си даде оставка откако беше уапсен за затајувње данок, измама и перење пари. Поставувањето на легендата на португалскиот фудбал, Руи Коста, требаше да донесе нова ера за клубот, но сега истрагата се однесува и на него, бидејќи бил член на бордот и потпретседател од 2020 година. Клубот одговори со соопштение.

„Поради објавувањето на денешните вести, Бенфика потврдува дека на 3 јануари се појави пред суд, како клуб заедно со членовите на бордот на директори од 2016 до 2020 кои уште се на позиција во клубот. Клубот нема да коментира додека трае легалниот случај и целосно ќе соработува со сите власти, како и досега“, се вели во објавата на клубот.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина