Утрински Весник
Македонија

Бенд од Босна настапувал без дозволи во клуб во Кичево

Disco80.jpg

При засилена акциска контрола спроведена во ноќта меѓу 29 и 30 ноември 2025 година, екипи на ОВР Кичево и Регионалниот центар за гранични работи Запад, во координација со Државниот пазарен инспекторат и Државниот трудов инспекторат, извршија контрола во повеќе угостителски објекти во Кичево согласно претходно подготвен оперативен план.

Во еден од угостителските објекти лоциран на магистралниот пат Кичево–Охрид, инспекциите затекнаа музички бенд од Босна и Херцеговина кој настапувал без соодветни работни дозволи. Станува збор за пејачката Џ.Р. (23) и членовите на бендот К.Џ. (27), Е.П. (25), Ф.Ј. (28) и И.К. (24), кои изведувале музичка програма и вршеле работни активности спротивно на Законот за странци.

Според утврденото, тие го прекршиле член 23 став 3 од Законот за странци, кој регулира ангажман на странски државјани без претходно обезбедена работна дозвола. За прекршокот, кој е казнив согласно член 217 став 1 точка 2 од истиот закон, против групата е поднесена прекршочна пријава до Основниот суд во Кичево.

Надлежните институции најавуваат продолжување на ваквите контроли со цел спречување на нерегуларно работење и заштита на пазарот на труд, особено во угостителски објекти каде странски изведувачи сè почесто се ангажираат без законски основ.

Можете да прочитате

Поранешен директор на ЈКП „Брегалница“ обвинет за злоупотреба и несовесно работење, доби кривична пријава

ДПИ со засилени контроли по угостителските објекти во пресрет на празниците

СДСМ: Криминалната Влада на Мицкоски молчи за тендерите од 9 милиони евра