Утрински Весник
Свет

Белорусија очекува на нејзина територија да бидат распоредени ракетите „Орешник“

20241128124612 Big 730x400 92 E1737962426532.webp.webp

Белорускиот лидер Александар Лукашенко рече дека очекува Русија многу брзо да ја распореди „Орешник“, нејзината нова балистичка ракета со среден дострел, во неговата земја.

– Ќе го добиеме Орешник во следните неколку дена, рече Лукашенко на прес-конференцијата.


Тој рече дека е постигнат договор со рускиот претседател Владимир Путин за испорака на хиперсоничната ракета во Белорусија пред таа да биде распоредена во Русија.

Лукашенко рече дека Белорусија сака со ракети на нејзина почва да се заштити од новите американски ракети со среден дострел распоредени во Европа.

Москва се уште не ги потврди наводите на Лукашенко.

Русија лани во ноември истрела ракета „Орешник“ врз украинскиот индустриски град Днепроптеровск. Еден месец подоцна, Путин тврдеше дека западните одбранбени системи не можат да го пресретнат „Орешник“, што на руски значи леска. Тој, исто така, рече дека со неа може да погоди цели во Западна Европа.

Западните воени аналитичари велат дека „Орешник“ може да носи нуклеарни боеви глави.

Можете да прочитате

Како и зошто метеоролозите им даваат човечки имиња на бурите?

Речиси 1.000 апсења низ цела Франција по судирите на демонстрантите со полицијата

Белгород погоден од украински беспилотни летала – еден убиен, 14 ранети