Утрински Весник
Свет

Белградскиот аеродром привремено затворен поради силното невреме што ја зафати Србија

Белградскиот аеродром привремено затворен поради силното невреме што ја зафати Србија

Силен дожд, пропратен со грмежи и бурен ветер пристигна во Србија откако невремето ги погоди Италија, Словенија и Хрватска.

dobivaj vesti na viber

Аеродромот „Никола Тесла“  во Белград е привремено затворен поради невремето што во попладневните часови пристигна во Србија, јавува РТС.

Забраната за снабдување со гориво на авиони стапи на сила од 20.09 часот, согласно одредбите од Законот за воздушен сообраќај и пропишаната безбедносна процедура, соопштија од прес-службата на аеродромот.

Како што е наведено, веднаш штом ќе заврши забраната, летовите продолжуваат да функционираат редовно, а авиокомпаниите имаат приоритети за снабдување со гориво на нивните летови.

Можете да прочитате

Трамп ја повика Јапонија да избегне понатамошна ескалација со Кина

„Еуроклир“ предупредува на опасности доколку запленетите руски средства се позајмат на Украина

Трамп помилува две мисирки – пред церемонијата беа во луксузен хотел