Утрински Весник
Свет

Белгиските земјоделци излегоа на протест

Belgija.webp.webp

Во реонот на Атомиумот во Брисел се одржуваат протести на белгиските земјоделци против трговскиот договор на ЕУ со Меркосур, што беше потпишан вчера во Парагвај.

Протестите започнаа денес околу 10 часот со движење на колони трактори низ улиците на Брисел, кои се упатија кон Атомиумот.

Во организација на Генералниот синдикат на земјоделците (АБС) и Обединетите млади земјоделци (ВЈЛ) кои се организатори на протестот очекуваат реонот околу Атомиумот да биде блокиран од „стотици трактори“ со што ќе се изрази незадоволство од потпишувањето на договорот со Меркусор, за кој тврдат дека „носи големи ризици за европските земјоделци“ и ја загрозува безбедност на европската храна и промовира нелојална конкуренција.

АБС и ВЈЛ тврдат дека договорот ја загрозува и иднината на европското земјоделство, бидејќи додека земјоделците во ЕУ мора да работат според строги стандарди, увезените земјоделски производи „често се произведуваат според пофлексибилни правила“. Дополнително, според нив, договорот од Меркосур има и последици врз благосостојбата на животните и може да биде штетен за потрошувачите.

Земјоделците бараат политичарите, медиумите и граѓаните да изберат иднина во која ќе биде раскинат договорот со Меркосур и заштитени земјоделството и потрошувачите.

Организаторите воедно ги повикуваат европратениците да осигурат дека „локалната, безбедна и фер храна останува норма“ и да не го одобрат договорот со Меркосур.

Можете да прочитате

Загинати и повредени во пожар во Пакистан

Лидерот на демократите во Сенатот ќе го блокира воведувањето царини

Германските војници се повлекоа од Гренланд