Утрински Весник
Свет

Белгиските земјоделци го блокираа автопатот на југот на земјата

Picture 1410 660x419 1.jpg

Белгиските земјоделци денеска блокираа автопат на југот на Белгија, приклучувајќи се на протестите на фармерите во Франција и Германија.

За време на таканаречената „операција полжав“, десетици трактори полека тргнаа кон автопатот, кој потоа беше блокиран.

Автопатот за кој станува збор е јужно од градот Намир во Валонија, на југот на Белгија.

Претставник на локалната Федерација на млади фармери, која ја организираше блокадата, рече дека станало „невозможно да се заработи за пристојно живеење“.

„Повикуваме на реформа на земјоделската политика која ќе ја има предвид реалноста на терен“, рече тој и додаде дека ја осудува конкуренцијата на домашните производи со увозните производи, бидејќи тие не подлежат на исти стандарди.

Незадоволството на земјоделците беше изразено во повеќе европски земји, особено во Франција, каде земјоделците за утре најавија „опсада на Париз на неодредено време“.

Протести на земјоделците беа организирани во Германија, Полска, Романија и Холандија. 

Можете да прочитате

Мал авион се урна во австриските Алпи – четири лица загинаа

Големо невреме ја погоди Турција: Авион принудно слета по удар од гром

Бројот на жртви од поплавите во Тексас се искачи на 27, меѓу кои девет деца и директорката на кампот