Утрински Весник
Свет

Белгиски медиуми: Ќе се продаваат државни удели во компании за да соберат средства за одбрана

Belgija.webp.webp

Белгија планира да продаде удели во неколку банки, поштата и најголемата телекомуникациска компанија во државата за да собере средства за зголемени трошоци за одбраната, јавија локалните медиуми.

Белгија моментално троши 1,3 отсто од својот бруто домашен производ (БДП) за одбрана и планираше да достигне 2 отсто до 2029 година. Промените во меѓународната средина ја принудија новата белгиска влада итно да ги преиспита своите првични намери.


Ниту дополнителни даночни зголемувања ниту намалувања на социјалните трошоци во буџетот не се можни за да се постигне целта. Отфрлена е и можноста Белгија да ја искористи каматата на рускиот имот запленет под санкциите на ЕУ за зајакнување на вооружените сили. Белгиските власти објаснија дека мора да се најде паневропско решение за рускиот имот, во согласност со сегашниот закон.  

Белгија треба да ги зголемува своите воени трошоци за 4 милијарди евра годишно. Државата има недостиг од системи за ПВО и стравува дека ќе биде најранлива на ракетни напади во случај војната да се прошири од Украина на целиот континент. Властите разговараат за можноста фабриката за автомобили на Ауди во Брисел, каде што работата е запрена, да биде вклучена во воено-индустрискиот комплекс.

Можете да прочитате

Екстремно десничарскиот кандидат исклучен од претседателските избори во Романија

(Видео) Во САД се урна авион во населен дел, има повредени

Во близина на брегот на Либија спасени 25 мигранти