Утрински Весник
Македонија

Бектеши за зголемувањето на платите од 78 отсто: Тоа е одлука на Уставниот суд, бев на пат кога се отвори како тема, да почекаме одлука на Владата

Бектеши за зголемувањето на платите од 78 отсто: Тоа е одлука на Уставниот суд, бев на пат кога се отвори како тема, да почекаме одлука на Владата
Dik 300x250 mk

По најавите од функционери дека ќе го донираат зголемувањето на платите од 78 % по одлуката на Уставниот суд, министерот за економија, Крешник Бектеши, повика да не користат вакви моменти за да се покажат хумани и солидарни за да добијат политички поени. За да го каже сопствениот став за покачувањето на платата, Бектеши вели дека ќе почека одлука на Владата, за која вели дека ќе биде колективна.

dobivaj vesti na viber

„Сум бил на пат заедно со претседателот на владата во Република Србија кога се отвори како тема во согласност со моите информации. Тоа е одлука на Уставниот суд, никаква одлука не е донесена од страна на Владата. Не се опфатени само челновите на Владата, во овој случај министрите, заменик-министрите, туку сите именувани лица. Јас ќе поддржам секаква одлука од Владата, но сакам искрено една работа да кажам. Гледам во јавноста излегуваат политичари за да се покажат хумани, солидарни, ќе донираат процент од платата или она што е зголемување. Тој што сака да донира не треба да го направи тоа јавно, секој може да поддржи одредени категории граѓани. Да не користиме вакви моменти да се покажеме хумани за да добиеме политички пени. Да почекаме Владата да донесе одлука, ќе биде колективна“, рече министерот Бектеши на прес-конференцијата, на кој ги соопшти замрзнатите цени на уште 11 производи, овој пат овошје и зеленчук.

Можете да прочитате

Ужас во Петровец: Жена нападната од сопругот, кој ја тепал и се обидел да ја врзе со каиш

Мицкоски: В недела сите масовно да излеземе на гласање, затоа што додека седите дома, други одлучуваат за вашата иднина

Цветаноски: Демократијата повторно оживеа преку лидерството на Венко Филипче!