Утрински Весник
Македонија

Бектеши во „Топ тема“: Владата донесе одлука спротивна на законот за нефер трговски практики, не може Влада да суспендира законско решение

Bektesi Poseta Na Alma M 9 Bg.jpg

Има незнаење кај тие што се надлежни да спроведат такви механизми, а генерално тоа се однесува за поединци во владата, рече поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши во вечерашното интервју во „Топ тема“ на Телма ТВ во врска со сè уште незаживеаниот Закон за нефер трговски практики во пракса.

Објасни и, како што рече, „пластично“.


„Во законот за нефер трговски практики, на тие 2.500 и нешто производи кои се предвидени, не е дозволено да има маржа над 10 отсто во ланецот на трговија. Една од последните одлуки на владата за одредени производи е маржа од 15 отсто. Значи, владата носи одлука спротивна на Законот за нефер трговски практики. Не може на Влада да суспендира законско решение. И излегуваат јавност дека донеле некаква си одлука за да го заштитат животниот стандард на граѓаните и да влијаат за намалување на цените за основните прехранбени производи , а заборваат да читаат одредба од законот“, истакна Бектеши.

Сите производители, сите трговци, сите добавувачи, вели Бектеши, ја имаат листата на производи за кои највисоката маржа треба да биде 10 отсто.

„Овие носат одлуки за маржи од 15 отсто и тоа на денот кога имаме зголемување на цените на основните прехранбени производи“, додаде поранешниот министер за економија.

Можете да прочитате

Уште едно заминување од кругот на Таравари – Абази на чело на КХВ

Во Министерството за односи со заедниците нема повеќе ќебапи на државна сметка

Сообраќајка на експресниот пат Градско – Прилеп – во целосен прекин е ставен сообраќајот