Утрински Весник
Економија

Бектеши: Во следните денови ќе поевтинат месото, млекото и лебот

Бектеши: Во следните денови ќе поевтинат месото, млекото и лебот
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Граѓаните ќе добијат празнични цени на основните прехранбени производи по склучувањето на договорите на малите компании со ЕВН продажба, најави министерот за економија, Крешник Бектеши.

dobivaj vesti na viber

Се очекува да бидат потпишани околу 1.000 договори со компаниите кои произведуваат храна, училиштата и малите фирми кои добија можност да купат струја по повластена цена од ЕВН Продажба. Меѓу нив се околу 600 пекари и тоа треба директно да влијае врз цената на намалување на лебот.

– Веќе почна намалувањето на лебот. Очекуваме намалување на основните пребранбени производи. Утре ќе донесеме одлука да го прошириме списокот со компании од прехбранбената индустрија. Ќе ги внесеме гранките одгледување на молзни крави, говеда и одгледување на свињи за да се затвори кругот при производство на месото и млекото. Тоа ќе одигра улога во крајната цена за потрошувачите. Очекуваме празнични цени, односно цените да се намалат пред новогодишните и верските празници – рече министерот Бектеши.

Тој очекува во следните пет дена да поевтини млекото, а во следната недела и месото.

– Откако ќе профункционира мерката на Владата за субвенционирана електрична енергија, очекувам поголемо намалување на цените – додаде тој.

Орце Костов

Можете да прочитате

Состанок со „АКСА“ на 12 јануари и камен-темелник на есен за инвестицијата од една милијарда евра во гасификација, најавува Мицкоски

Мицкоски: Со линеарното зголемување на пензиите се намалува и стапката на сиромаштија, заклучно со април 2026 нема да има пензија под 15 илјади денари

Идната недела анализа дали имало девијантно однесување на трговците и зголемени цени пред празниците