Утрински Весник
Економија

Бектеши пред американските бизнисмени: Енергетската транзиција и зелената енергија се наш приоритет

Бектеши пред американските бизнисмени: Енергетската транзиција и зелената енергија се наш приоритет

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска во Министерството за економија оствари работен состанок со претставници од американска бизнис заедница, кои се во посета на Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

Главна тема на состанокот на кој присуствуваа и специјални претставници од Стејт Департментот беше зајакнување на соработката и реализација на инвестиции пред се во делот на енергетиката.

Бектеши го поздрави интересот на американските компании за инвестиции во Македонија и ги презентираше условите и можностите за реализација на инвестициски проекти во земјата, пред се во делот на зелена енергија и обновливи извори.

Бектеши информираше дека Северна Македонија засилено работи на енергетска транзиција и диверзификација на изворите на снабдување со енергенси.

Земјата, како што кажа министерот Бектеши започна инвестиции во делот на инфраструктурата во енергетскиот сектор, а се реализираат големи инвестиции во обновлива енергија кои наскоро ќе доминират во производството на електрична енергија.

На состанокот присуствуваа претставници од Ексим банка, Иновацискиот фонд за енергетика на Безос, Сименс Енерџи, заменик претседател на американско централно европската бизнис асоцијација и други.

Можете да прочитате

Синдикалната кошничка во март изнесува 67.818 денари

ДУИ: Пад од дури 9,4% на индустриското производство

Цената на нафтата утрово над 114 долари за барел