Утрински Весник
Македонија

Бектеши на седница ќе ги образложи судските одлуки, Тренчевска не верува оти рудникот во Иловица може да ја растури коалицијата

Бектеши на седница ќе ги образложи судските одлуки, Тренчевска не верува оти рудникот во Иловица може да ја растури коалицијата

Министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска најави дека утре на владина седница, министерот за економија, Крешник Бектеши ќе ги обраложи сите судски одлуки за рудникот во Иловица, откако беше објавено дека Бектеши ги измамил министрите во Владата да гласаат за дополнителна точка на владина седница, без расправа, велејќи им дека Управниот суд донел одлука за спојување на концесиите.

dobivaj vesti na viber

Тренчевска кажа дека министрите во Влада ќе ја преипитаат одлуката и рудник нема да има.

Во врска со спорното гласање, министерката изјави дека точката била дополнително ставена и вообичаено министерот дава образложение на кое другите се потпираат и затоа ја гласале точката.

Oткако во неколку наврати повтори дека ставот  на министрите од СДСМ е оти рудници нема да има, Тренчевска беше прашана дали е ист и ставот на колаиционите партнер ДУИ, како и дали рудникот би можел да стане точка на разидувања во коалицијата. Таа рече кажа дека не верува оти би можело да дојде до такво нешто, бидејќи владин приоритет е руралниот развој – струмичкото поле со неговата плодна почва.

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор