Утрински Весник
Економија

Бектеши: Мерките што ги носиме даваат резултати, намалени трошоците за живот во март

Бектеши: Мерките што ги носиме даваат резултати, намалени трошоците за живот во март
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Мерките што ги носи Владата даваат резултат. Според последните податоци на Државниот завод за статистика, имаме намалување на инфлацијата, односно трошоците за живот во март, вели министерот за економија, Крешник Бектеши.

dobivaj vesti na viber

„Во споредба со претходните месеци, ова е најголемото намалување во споредба со октомври 2022 кога почнаа да се зголемуваат цените во нашата држава и на прехранбените производи и на енергентите. Инфлацијата е намалена за два процента во споредба со претходниот месец и во март изнесува 14,7 %. Најважно е што има намалување на транспортот и храната, што значи дека мерките што ги носиме даваат резултати“, рече Бектеши коментирајќи ги последните податоци на Државниот завод за статистика.

„Платите растат, инфлацијата, односно цените, се намалуваат. Заедно се грижиме за животниот стандард на нашите граѓани“, напиша Бектеши на својот фејсбук-профил.

Според ДЗС, намалување на индексот на трошоците на живот има кај лебот и житата, кои биле пониски за 4,7 отсто. Млекото имало пониска цена за 4,6 отсто, а маслото и маснотиите за 2,4 отсто. За 2,2 отсто пониска цена имале сирењето и урдата, а свежото и разладеното овошје за 1,2 отсто. Во март рибата и морските плодови имале пониска цена за 0,8, а јајцата за 0,2 отсто.

Можете да прочитате

Над 25% од енергијата во ЕУ лани била од обновливи извори, во Македонија 21,8%

Синдикалната минимална кошница за декември изнесува 65.492 денари, со зголемување од 319 денари

Visa и Mastercard ќе платат 167,5 милиони долари за спогодба за банкоматските такси