Утрински Весник
Uncategorized

Бектеши: Има заинтересирани за изградба на гасоводот до Грција, се бара и инвеститор за две гасни централи

Bektesi

Министерот за економија Крешник Бектеши изјави дека има многу заинтересирани фирми за изградба на интерконекторот за гас кој ќе не поврзе со Грција.

-Ова значи дека земјава нема да зависи само од рускиот гас, а моментално се бара инвеститор за две гасно водородни централи, изјави Бектеши во неделното интервју за Радио Слободна Европа.

Имајќи предвид дека сме при крај од изградбата на новиот интерконктор заедно со Република Грција кој треба да го зголеми капацитетот во државава во делот на снабдување со природен гас, но и со можност во иднина да можеме да пренесеме и водород, посочува министерот, почнавме и постапка за изградба на нови капацитети за производство на електрична енергија.

-Но, не само ова туку и за топлинска енергија особено во Битола, а се предвидува дополнително да се користи модел јавно приватно партнерство и во Осломеј каде би можело да се развие и топловодна мрежа за Кичево како што го имаме тоа во Скопје, посочува министерот.

Во делот за Неготино, вели Бектеши, таму се планира таа да се конвертира во гасна и водородна централа.

-И ние како министерство веќе донесовме одлука за да доставиме писмо за интерес на нашите соседни држави, бидејќи предвидуваме да имаме голем капацитет со над 600 МВ часови каде би се вклучиле нашите соседи особено од Западен Балкан. Имавме предвид дека на тој начин нашиот енергетски систем би го направиле регионален и на тој начин би се споиле и пазарите за да имаме пофункционална берза и да имаме сигурност во делот и на снабдувањето со струја, рече министерот за економија.

Појасува дека во делот на Рек Битола и Рек Осломеј тоа ќе биде во постоечките локации, додека во Неготино ќе има целосно нова централа и за тоа ќе се побара да се вклучат и нашите соседи.

-Ако не тогаш ќе биде со помал капацитет согласно потребите на нашата држава и воедно ќе биде инвстиција од страна на ЕСМ преку модел на јавно приватно партнерство каде би се вклучиле и приватни партнери кои имаат искуство и технологија за да може да се конвертира во водородна централа, вели, меѓу другото, министерот Бектеши во интервјуто.

Можете да прочитате

Советник во Советот на Ѓорче Петров до Стојкоски: Не се криј зад лагите, дојди и соочи се со граѓаните за спорниот ДУП

utrinskilogin

Градоначалникот на Ѓорче Петров повикува на јавна дебата за новиот ДУП, поранешен советник му порача да одбере време и место

utrinskilogin

Вучиќ: Просечната плата во Србија идната година ќе надмине 1.000 евра

Ljuljeta