Утрински Весник
Македонија

Бектеши го поддржа Груби: Семејството е пред сè

Bektesi Poseta Na Alma M 9 Bg.jpg

Членот на ДУИ и екс-министер Крешник Бектеши ја поздрави одлуката на неговиот сопартиец Артан Груби да се повлече од јавниот живот.

„Оние што го познаваат Артан добро знаат дека тој одлучува од општ интерес, а не од личен. Така е и оваа храбра одлука, каде семејството е пред сè. Артан се издвојува од многу други кога е време за големи одлуки. И покрај се, за мене и јас верувам дека и многу други кои те познаваат колегијално но и приватно, продолжуваш да бидеш вредна личност со високи доблести“, напиша Бектеши.


Потсетуваме дека Груби доцна синоќа објави дека донел одлука за повлекување од јавниот живот и дека за оваа одлука веќе го известил лидерот на партијата Али Ахмети. Порача дека „пред Бога, семејството и пријателите е чист како солза“.

Ваквата одлука на Груби доаѓа откако тој беше ставен на црната листа на САД. Вчера Јавното обвинителство соопшти дека отворило случај против него и судијата од Апелација, Енвер Беџетин кој исто така е на црната листа на САД со санкции.

Можете да прочитате

Наводна порака за помош од убиената Росица од Велес до министерот Тошковски

Министерот за здравство лично им се извинил на вработените во пералната на Клиничкиот центар

Семјеството на Теодора Ристовска реагира: „Кога убиецот шета слободен, целата нација е жртва“