Утрински Весник
Економија

Бектеши: Ќе се замрзне цената на лебот и нема да биде повисока од 33 денари

Владата им ја укинува субвенцијата за струја на пекарниците оти не ги намалија цените и се заканија со поскапување на лебот

Цената на лебот ќе се замрзне и нема да биде повисока од 33 денари, изјави на денеска Министерот за економија, Крешник Бектеши.

dobivaj vesti na viber

,,Во вторник ќе се замрзне цената на лебот и нема да изнесува над 33 денари, и за белиот и за полубелиот леб. Ова е само прв чекор од производите чии цени ќе бидат замрзнати. Ќе следат и нови одлуки, а се прават анализи и за цените на тестенините”, рече Бектеши.

Цените нема да се зголемат, освен во случај ако растат цените на суровините, тогаш би можело да има нагло покачување, додаде Бектеши.

Можете да прочитате

СДСМ го поднесе Законот за минимална плата од 600 евра за работниците

Трендафилов: Го чекам Мицкоски во понеделник да го потпишеме Колективниот договор

ВМРО-ДПМНЕ: Трендафилов, Деаноски и Пешевски ги оштетија работниците за 600 евра минимална плата во 2028 поради политичките игри со СДС и Левица