Утрински Весник
Македонија

Бектеши до Мицкоски: Како може поранешен министер на ВМРО-ДПМНЕ да биде сведок против својата држава

Бектеши до Мицкоски: Како може поранешен министер на ВМРО-ДПМНЕ да биде сведок против својата држава

Министерот за економија, Крешник Бектеши, со контра прашање до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за изјавите дека секој министер на ДУИ има компании на кои им ги даваат тендерите.

dobivaj vesti na viber

„Јас нема да ви кажувам имиња поради тоа што имаме процеси што се во тек. Но, би ги прашал Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ како може нивни претходни министри денеска да бидат сведоци на странски компаниии во судски постапки против државата што ја претставувале. Нема да помине многу, ќе им ги кажеме имињата, само да зваршат судските процеси. Ако зборуваме за компании, министер од ВМРО-ДПМНЕ денеска е сведок против својата држава, а ја имал честа да биде министер на таа држава. И е сведок поради тоа што, кога му завршила функцијата министер, веднаш добил акции и се вработил во менаџментот на таа компанија, каде што денеска сме во судски спор. За тоа да одгоори Мицкоски. Да не шири лажни вести. А особено би му препорачал да не се занимава со луѓе што денеска не живеат меѓу нас“, му порача Бектеши на Мицкоски.

Во однос на компанијата, новинарите ги упати на адреса на МНР, од каде што, како што рече, треба да ги објаснат сите процедури.

Деновиве, од ВМРО-ДПМНЕ излегоа со информација дека Бујар Османи како министер за надворешни работи на фирмата „Еуровија“ ДООЕЛ“ ќе ѝ исплати 1,8 милион евра, пари на граѓаните, за кои, како што велат од таму, ќе бидат наменети за преадаптирање на Спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Додека Османи вели дека токму оваа фирма понудила наисплатлива понуда на тендерот, оваа фирма се поврзува со ДУИ во неколку наврати, изјави Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Сопственик на ‘Еуровија’ ДООЕЛ е фирмата ‘Еуровија холдинг’, во која, освен Елмедин, како сопственик се води и Елдин Адеми, прв човек на разгранокот на ДУИ во Јегуновце.

Истата оваа фирма ‘Еуровија, која е на Елмедин Адеми, внук на поранешниот министер на ДУИ, Абдулаќим Адеми, добила други тендери во вредност од два милиона евра, еден за изградба на новата полициска станица во Аеродром, вториот за реконструкција и пренамена на објекти за Универзитетот ‘Мајка Тереза’“, рече таа.

Како интересен факт посочи дека токму оваа фирма се јавува како најголем донатор на ДУИ.

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!