Утрински Весник
Спорт

Бекам го брани контроверзниот договор со Катар: Фудбалот може да биде сила за добро во светот

Бекам го брани контроверзниот договор со Катар: Фудбалот може да биде сила за добро во светот

Дејвид Бекам го даде своето прво јавно соопштение за контроверзниот мултимилионски договор за да биде „спортски амбасадор“ на организаторите на СП, Катар, за што беше критикуван во својата татковина и во западниот печат.

dobivaj vesti na viber

Соопштението доаѓа откако во петокот беше објавен тест „Исчезнатиот портпарол на Светското првенство“ во угледниот „Њујорк тајмс“, во кој се тврдеше дека Катарците се разочарани од скапата инвестиција во договорот со поранешната ѕвезда на Манчестер јунајтед и Реал Мадрид, бидејќи Бекам едноставно имал премала јавна ангажираност за време на првенството. Весникот тврдеше дека Бекам имал одредени услови за своие појавувања во Катар, и дека бил „заштитен“ од прашањата за хомосексуалноста во држвата.

По ова, неговиот публицист објави посебно соопштение.

„Дејвид беше вклучен во повеќе Светски првенства и други интернационални турнири како играч и како амбасадор и останува со вербата дека спортот има моќ да биде сила за добро во спортот. Сфаќаме дека има различни мислења за неговата вклученост на Блискиот Исток и дека има дебата за темите околу Светското првенство“, се вели во објавата.

Иако првично се тврдеше дека 47-годишниот Бекам ќе добие 180 милиони долари во следните 10 години за да го промовира Катар, сега оваа сума е на 1 милиони годишно за тригодишен договор со Катарците.

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига