Утрински Весник
Македонија

Бебе во тешка здравствена состојба пронајдено оставено во центарот на Велес – случаен минувач го однел во болница

Bebe 4.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Бебе во тешка здравствена состојба било оставено во центарот на Велес, случаен минувач го однел во болница, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

– Синоќа во 17.40 часот во СВР – Велес, од болница во градот било пријавено дека од страна на случаен минувач, кај нив било донесено бебе, кое било оставено во велешкото централно градско подрачје. Извршен бил разговор со докторка од болницата, која рекла дека бебето било во тешка здравствена состојба и дополнително се чекаат резултати од здравствено испитување. Според докторката, по кратко време во болницата дошла С.К., на околу 20-годишна возраст и се претставила дека била мајка на бебето, но, потоа ја напуштила болницата, појаснија од СВР – Велес.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можете да прочитате

СДСМ: Дали е ова новинар?

Турчин се обидел да влезе во Македонија со фалсификат

Расте интересот на турските државјани за македонско државјанство