Утрински Весник
Свет

Бебе се задушило за време на доење во Рим

Бебе се задушило за време на доење во Рим

Откако новороденче се задуши во болница под неговата мајка која заспала по доењето, многумина покренаа прашања за состојбата на родилиштето.

dobivaj vesti na viber

Овој трагичен инцидент се случи на 8 јануари во болницата Сандро Пертини во Рим.

Властите започнаа истрага, а резултатите од обдукцијата се очекуваат во рок од 60 дена. Пораѓањето на 30-годишната жена траело 17 часа.

Според болничките прописи, персоналот требало да се погрижи бебето да биде вратено во посебно креветче по доењето.

Обвинителите ќе истражуваат дали во овој случај се прекршени тие правила, односно дали лекарите од болницата биле несовесни.

Жена која била во истата соба со мајката, наводно, сфатила дека новороденчето е во опасност и повикала помош, но детето починало пред да дојде медицинскиот персонал.

Таткото на детето рекол дека болничарите го одбиле барањето на неговата исцрпена сопруга да го земе бебето за да може да одмори неколку часа.

– Мајката раскажа како наеднаш се разбудила и видела дека до неа нема бебе. Потоа ја однеле во друга соба и и ја соопштиле трагичната вест – изјави Алесандро Пиомби, адвокатот на мајката.

Кога во јавноста излегла веста за оваа трагедија, излегле многу мајки кои поминале низ слична ситуација во италијанските болници, пренесува Индекс.хр.

– Ова можеше да му се случи на секој од нас. По 15 часа породување и итен царски рез, заспав исцрпена со ќерка ми Џулија на градите. Се разбудив врескајќи затоа што веќе не беше до мене, мислев дека паднала на подот. За среќа, не беше така, мајка ми ја однела во креветчето – напишала една жена на социјалните мрежи.

Синдикатите рекоа дека ова се случило поради недостаток на персонал.

Џовани Леони, потпретседател на италијанското медицинско здружение, во декември рече дека сите болнички одделенија немаат медицински работници, особено по пандемијата, пренесе Новости.рс.

Можете да прочитате

Трговската размена помеѓу Кина и Јужна Америка изнесува над 500 милијарди долари

Во Мексико убиен уште еден кандидат за градоначалник

Агенцијата на ОН за цивилно воздухопловство пресуди: Русија е одговорна за соборувањето на авионот на „Малезија ерлајнс“ во 2014 година