Утрински Весник
Спорт

Беќири: Шкендија на натпреварите покажа стабилност

20251219160509 big 730x400 99.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Македонскиот фудбалски првак Шкендија и покрај поразот во последното коло од Конференциската лига во Ларнака од АЕК (1:0) избори место во нокаут фазата односно ќе имаат „фудбалска пролет“. Задоволството и резултатот се големи, а тетовчани освоија седум бодови кои овозможија пласман во следната фаза.

–  Прво сонувавме да влеземе во Конференциската лига, потоа да ја минеме групната фаза. Сега кога го направивме и тоа ќе сонуваме да поминеме уште една фаза. Нормално е да има позитивни емоции. Убеден сум дека Шкендија во овие шест натпревари покажа стабилност. Со малку повеќе среќа и искуство, мислам дека заслужувавме да освоиме уште некој бод повеќе, истакна Јетон Беќири тренерот на Шкендија.

Турски Самсунспор или полски Лех Познањ се можните противници на Шкендија во плејофот од Конференциската лига. Шкендија во првиот натпревар од плејофот ќе биде домаќин на 19 февруари, додека реваншите се закажани за 26 февруари.

Победниците од осумте плејоф пресметки ќе обезбедат пласман во осминафиналето во Конференциската лига. 

Можете да прочитате

Специјализирани тестирања на олимписките стипендисти за Лос Анџелес 2028

Фудбалските менаџери заработија рекордни пари во 2025

И покрај поразот во Ларнака, Шкендија продолжува во Европа