Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Беџети го праша Тошковски кој ја држел „Пулс“ отворена, министерот му врати дека ДУИ управувале со Министерството за економија

Pance Toskovski.jpg
Img 7972

Пратеникот од ДУИ, Блерим Беџети, го праша министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој го држел бизнисот на дискотеката „Пулс“ отворен. Потоа, тој побара и оставка од минситерот поради морални причини. На ова, одговори министерот:

„Во делот на прашањето кој го држел овој бизнис отворен. Дел сте од политичката партија чии кадри управуваа со Министерството за економија, 15-20 години? Колку години управуваа? Јас не паметам. Не паметам дали имало друг министер кој управувал со ова министерство освен кадри на ДУИ. И сега кој го држел отворен бизнисот со лиценците, мене ме прашувате? Кој го држел отворен бизнисот“, одговори Тошковски и кажа дека нема да ја осуети постапката.


Потоа, Беџети излезе на говорница и побара оставка од Тошковски поради моралната одговорнсот.

Можете да прочитате

Двајца малолетници од Скопје пријавени за исчезнати во еден ден

Сопругата на Панчо со емотивна порака: „Не се договоривме вака, живот мој, ме скрши на милион делови“

В.Д. градоначалникот на Кочани вчера го нападна Панчо дека бил виновник за пожарот – Антич не штедеше навреди кон него (ФОТО)