Утрински Весник
Македонија

Беќаровски: Учениците што сами ја решија матурата за 4-6 години ќе заминат во Германија, тие што препишуваа ќе бидат раководители во јавниот сектор, а останатите функционери

Niko Be Arovski Sobranie Debata.jpg

Во медиумите се прошири информацијата дека матурантите кои полагаа државна матура и со помош на истата треба да се запишат на некој од факултетите, и оваа година ги пробиле прашањата и одговорите на истите беа споделувани на вибер група.

Граѓаните на големо коментираат дека ваквата практика на учениците не им оди во прилог, а надлежните не знаат како дошло до пропустот.

Со свој коментар на ситуацијата на социјалните мрежи се огласи и доктор Нико Беќаровски, кој е познат по искрените коментари поврзани со секој општествен и граѓански проблем.

“Тие што сами го решаваа тестот на матурскиот испит за 4-6 години ќе заминат во Германија.

Тие што препишуваа на матурскиот испит за 4-6 години ќе бидат Раководители во јавниот сектор.

Другите, кои воопшто не полагаа, тато ќе им купи диплома и од задутре ќе бидат функционери.

#МногуЗнаењеЦелЖивотКаење”, стои во објавата.

Можете да прочитате

Ана Котевска освои златна медала на интеранационалната Олимпијада по германски јазик

Влен почнува со формирање на Академија на Албанците за Наука и Уметност

ВМРО ДПМНЕ: Кога следен пат од СДС ќе зборат за наводни криминалци прво нека си заметат во својот двор