Утрински Весник
Македонија

Бауш: Неоправдано е поскапувањето на лебот, очекувам заздравување на економијата

20230319223651.jpg

Откако за околу 10 % скокна цената на одредени видови леб – екпертите велат нема реална причина за растот на цената, според познавачите бизнисот го користат вакум периодот на смена на власта, новиот закон за нефер трговски практики, а влијание според професорот Абил Бауш имаат и некогашните владини мерки за замрзанти цени и маржи.

Според Бауш непотребно се создава паника, вели очекува во следниот период заздравување на македонската економија.

„Ако гелдаме на глобално ниво и ако ги читаме резутатите, ни цената на енергенсите не е покачна нешто драматично, ниту цената на нафтените деривати, а не е нешто многу покачена ни цената на житото. Ова сега се се случува во момент кога се очекува да ги даде првите резутати и законот за нелојална конкуренција и таа предонсот од една во друга влада, некој тоа го чека за да направи паника за да се направат тие притисови за покачување на цените,“–изјави Абил Бауш – економски аналитичар.

Според Бауш, како држава имаме цел сет на одлуки со кои може да се контролира инфлацијата и да се заштити стандардот на граѓаните.

„Од Ценатраланата банка, па се до министерстовто за финансии, има централни политики на кои може да се направат среднорочни и долгорочни, кои може да ја зауздаат таа економија, иако кажав дека полседниот кваратал ние може да очекуваме и да бидеме во некој вид на економско оппоравување и да почне да се мисли на економски раст и развој.“-изјави Абил Бауш – економски аналитичар.

Во меѓувреме се крои и новата цена на струјата за домаќинствата. Според неофицијални информации минатата недела на затворена владина седница било прифатено државните електрани да ја продаваат произведената струја на универазлниот снабдувач по повисока цена, односно наместо досегашните 57 цената да изнесува 60 евра за мегават. Но какви сметки од 1 јули ќе плаќаат граѓаните ќе се знае конечно за околу 15 тина дена, во меѓувреме треба да помине и аукцијата на тендерот за набавка на струја.

Граѓаните стравуваат од нов ценовен шок.

„Скапо е скапо е претерано. Пензионерскиот живот е тежок… со 16 илјади денари каде ќе одиш…. се потешко и потешко е … сиромаштија…. “

„Би било лудо сега струјата да се покачува кога ни зима видовме, и се штеди и не се троши многу струја, ете се направија таму тие групи скапа евтина и оние што трошат повеќе ќе си платат повеќе, тоа можда беше логично нешто направено… ајде лебот 1 2 денари не е нешто страшно… “

„Нема да се издржи, треба ли да јадат овие деца, треба струја да се пплати, а ти викаплати тоа, плати ова со што да платам.. кредити, кратички…. треба да се качат, најмалку 500 евра….кога ќе имаш пари ќе можеш да платиш и струја и вода и се и ќе има и за јадење….“

За основните трошоци за живот на едно четири члено семејство, месечно потребни му се минимум 1000 евра, покажуваат последните пресметки на синдикатите, износ кој е еднаков на две ипол минимлани плати. Предупредуваат дека ако има раст на цената на струјата тоа ќе биде нов удар врз џебот на граѓаните. Од ССМ во повеќе наврати најавија дека ќе бараат од новата влада, минимална плата од минимум 450 евра.

Можете да прочитате

Кривична за 5 лица- со тврди предмети нападнале скопјанец пред Клиника

Средба Тошковски – Карнер: Заедничката соработка во справување со илегалната миграција е од суштинско значење за стабилноста и безбедноста на регионот

Клековски: Енергетиката е една од важните прашање и во фокусот на ВМРО-ДПМНЕ денешната инвестиција во ветерниот парк е една од трите ветерни паркови ветени во програмата на ВМРО-ДПМНЕ