Утрински Весник
Спорт

Барселона и Арсенал пред своите гледачи ќе атакуваат на пласман во четвртфиналето од ЛШ

221830 barselona oslabena go prechekuva napoli arsenal brka negativa protiv porto.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Вечерва (21 ч,) ќе се одиграат уште два реванш-натпревари од осминафиналето во фудбалската Лига на шампионите (ЛШ). Актуелниот шпански првак Барселона го пречекува италијанскиот шампион Наполи откако првата средба заврши без победник (1:1) на стадионот „Армандо Марадона“, а лидерот во англиската премиерлигашка конкуренција Арсенал на „Емирати“ ќе игра со португалскиот Порто, кој ја искористи предноста на домашниот терен да се здобие со минимална предност од 1:0 за реваншот во Лондон. Тренерот на Барселона, Чави Ернандез не може да смета на Педри, Де Јонг, Гави и Рафиња, а тоа ќе се обиде да го искористи Наполи кој доаѓа во најсилен состав во Каталонија. – Дојдовме во Барселона за да играме квалитетен фудбал. На крајот ќе видиме кој ќе биде подобар и кој ќе игра во следното коло. Јас сум оптимист, имаме реални шанси, порача тренерот на Наполи, Франческо Калцона. Арсенал имаше проблеми во реализацијата на гостувањето во Португалија, но тренерот на „топчиите“ Микел Артета очекува неговите избраници вечерва да ги поправат грешките од првиот натпревар. „Топчиите“ се во добра форма и имаат осум победи на последните девет натпревари во сите натпреварувања, односно единствениот неуспех им е против Порто. И португалскиот тим има низа од шест натпревари без пораз.

Можете да прочитате

Десетта победа за ТФТ во првенството

Специјализирани тестирања на олимписките стипендисти за Лос Анџелес 2028

Фудбалските менаџери заработија рекордни пари во 2025