Утрински Весник
Спорт

Барса, сепак, доби лиценца за настап во Лигата на шампиони

Барса, сепак, доби лиценца за настап во Лигата на шампиони

Барселона веќе доби лиценца од Шпанската кралска фудбалска федерација (РФЕФ) за настап во Лигата на шампиони следната сезона и покрај истрагата во случајот Негреира, тврди „Мундо депортиво“.

dobivaj vesti na viber

Барса остануваат под истрага на анти-корупциските власти во Шпанија за исплатите кон поранешниот потпретседател на судиската организација, Хозе Марија Енрикез Негреира од 2001 до 2008 година, а УЕФА има посебна истрага за случајот. Според „МД“, петчлената комисија на федерацијата дала зелено светло, демантирајќи ги шпекулациите дека каталонскиот клуб ќе биде казнет.

Ова е одлична вест за Барселона во и така компликуваната финансиска ситуација, бидејќи без парите од Лигата на шампиони, тешко дека ќе можеа да ги регистрираат договорите на своите играчи за следната сезона. Инаку, со победа во градското дерби против Еспањол, Барселона ќе ја осигура титулата од Ла лига.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина