Барселона за потроши 5.000.000 евра за фудбалер на хрватскиот второлигаш Кустошија. Станува збор за 18. годишниот Сенегалец Микајил Фаје (18).
Сенегалскиот дефанзивец беше поврзуван со Борусија Дортмунд и Челзи, но ја одбра Барселона.
Барса го гледа Фаје како врвен талент, кој за неколку сезони би можел да конкурура за место во првиот тим.
Фаје наскоро ќе потпише договор со шпанскиот шампион, а овој договор ќе бидат вметнати и неколку клаузули кои на вторлигашот можат да му донесат и дополнителни приходи.
Фаје во Кустоши пристигна на 2 февруари годинава од сенегалски Даимбарс, а во оваа полусезона забележа гол и асистенција на 14 настапи за 1140 минути игра.
Може да игра на позициите лев бек и стопер. Има десет настапи за У-17 репрезентацијата на Сенегал.