Утрински Весник
Спорт

Барса го декласираше Реал во кошаркарското „Ел класико“

Барса го декласираше Реал во кошаркарското „Ел класико“

Барселона стигна до голема 97:82 победа над Реал Мадрид во кошаркарското „Ел класико“ во 27. коло од шпанската АЦБ лига, за да се придружи на Басконија на врвот на табелата со 22-5 скор, додека Реаал има 21-6 скор.

dobivaj vesti na viber

Барселона доминираше во рекетот, со дури 42 скока во споредба со 26-те на Реал, а клучниот пресврт се случи во третата четвртина, кога Барселона даде 31 поен и направи двоцифрена предност, која потоа се зголемуваше до крајот на мечот.

Никола Миротиќ беше најефикасен со 23 поени, а Томаш Саторански додаде 18 поени и 8 асистенции, додека Никола Лапровитола беше одличен со 14 поени и 14 асистенции. Кај Реал, не помогнаа 23-те поени на Џанан Муса и 19-те на Гершон Јабуселе.

Мечот исто така беше одбележан со сериозната повреда на коленото на кошаркарот на Барселона, Алекс Абрињес.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина