Утрински Весник
Спорт

Барди одигра 25 минути, Алиоски не беше во протоколот – Трабзон го победи Фенербахче

Барди одигра 25 минути, Алиоски не беше во протоколот – Трабзон го победи Фенербахче

Актуелниот шампион на Турција, Трабзон, го победи лидерот во првенството, Фенербахче со 2:0, во дербито од 15. коло на турската Суперлига.

dobivaj vesti na viber

Трабзон стигна до седмата победа сезонава, а Фенер го претрпе вториот пораз во низа и сега нивната предност на врвот на табелата во однос на Галатасарај се намали на само два бода, а жолто-црвените допрва треба да го играат својот дуел од 15. коло.

Актуелниот шампион Трабзон победи на стадионот „Шенол Гунес“ со головите на Уругваецот Макси Гомез во 61.и Египќанецот Трезеге во 90+11. минута. Треба да се нагласи дека гостите од Истанбул останаа без Португалецот Мигел Креспо кој во 57. минута доби втор жолт картон.

Во редовите на Трабзон Енис Барди доби шанса во 76.минута, додека Езгјан Алиоски воопшто не беше во протоколот кај Фенербахче.

Можете да прочитате

Шок од Британија: Објавени нови детали за здравјето на Михаел Шумахер

Новак Ѓоковиќ стана првиот тенисер со 400 победи на грен слем турнирите

Ѓоковиќ без борба четвртфиналист на Австралија опен