Утрински Весник
Свет

Барак: Планот на Трамп за Газа е „фантазија“

20250206115334 Big 730x400 25.webp.webp

Поранешниот премиер на Израел, Ехуд Барак предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за раселување на околу два милиона Палестинци од Појасот Газа го оцени како „фантазија“.

– Тоа не изгледа како план, што некој сериозно го разгледал. Тоа повеќе личи на провокација или можеби обид да се покаже поддршка за Израел, изјави Барак.


Според него коментарите на Трамп може да се обид да се изврши притисок врз арапските лидери и ги предупредува „еве што ве чека ако не се разбудите, не понудите практично решение за Газа и не помогнете да се отстрани Хамас од власта“.

– Сосема е можно умерените арапски држави во регионот да понудат подобар пристап како одговор на половичниот план на Трамп. Ќе треба да се решат клучните прашања, како што се како да се оди напред во Газа, како да се спречи Хамас да владее и како да се осигури дека Израел повеќе нема да биде загрозен. Ова се легитимни и важни прашања за нас, наведе Барак.

Можете да прочитате

Нова трагедија на Крит: Девојче се задави со суфлаки

Во Газа досега загинаа 232 новинари

Италијанските центри за мигранти во Албанија се скапи и неефикасни