Утрински Весник
Македонија

Барање за прекршок против општина Струга поради неистакнато македонско државно знаме

Makedonsko Zname.jpg

Полицијата поднесе барање за прекршочна постапка против Општина Струга и едно физичко лице, поради тоа што за време на прославата на Денот на албанското знаме не било истакнато македонското државно знаме ниту на бината, ниту на дел од кејот на Црн Дрим.

ОВР Струга поднесе барање за поведување прекршочна постапка против правното лице Општина Струга и против одговорното лице М. Ќ. (65) од струшкото село Биџево поради сторено дело спротивно на член 6, а казнивo по член 11 од Законот за употреба на знамињата на заедниците во РС Македонија“, соопшти МВР.

Според полицијата, организаторите на настанот од 28 ноември 2025 година, одржан на улицата „Маршал Тито“ во Струга, биле должни покрај знамето на заедниците да го постават и државното знаме на РС Македонија, што не го сториле, спротивно на законските обврски.

Можете да прочитате

Македонци од Бахреин во среда заминуваат кон Ријад, од таму со владин лет за Скопје

Трајановски: Наместо повисоки плати за домашните работници, власта отвора врата за странски  „економски работници”

Хаос во Штип: Лажно се претставил како полицаец, украл службено возило и нападнал полицаец