Утрински Весник
Балкан

Бар на плажа во Хрватска наплатува место за пешкир – Велат ако сакаат и воздухот ќе го наплаќаат

Solaris Camping Resort Sidro Beach.jpg

Бар на плажа во Водице, Хрватска го наплаќаат дури и местото за пешкир. Порталот morski.hr стапи во контакт со таканаречениот бар на плажата, односно фирмата поврзана со него и им рекле дека не им требаат никакви дозволи бидејќи е приватна сопственост.

Велат дека не се работи за плажа, туку за приватен имот на 10-тина метри над самата плажа, односно поморски имот и дека и сопственикот и концесионерот ако сакаат можат и воздухот да го наплаќаат таму.

Значи, кој сака да си стави пешкир на приватен имот ќе треба да извади 4 евра од џеб. А, ако сака малку повеќе удобност, како лежалка, тогаш цените се уште поголеми, од 10 до 43 евра.

Но, за да наплатат било што, мора да имаат регистрирана дејност за тоа, а да издаваат и фактури. Во тој случај услугата може да ја наплатат и милион евра, но без сметка – не се брои, пишува порталот.

Можете да прочитате

Сопственикот и архитектот на хотелот во Турција кој се урна во земјотресот осудени на 18 години затвор

Семејно насилство во Белград: ја злоставувал мајка си, па и држел нож на грло

Курти ја обвини најголемата партија на косовските Срби дека го претставува Белград