Утрински Весник
Свет

Бангладеш евакуираше 800.000 луѓе поради приближување силен циклон од Бенгалскиот залив

6357108e302ce.jpg

Во Бангладеш речиси 800.000 луѓе се евакуирани од загрозените подрачја пред пристигнувањето на силниот циклон што се формираше над Бенгалскиот залив, соопшти Министерството за вонредни ситуации на земјата.

Жителите на крајбрежниот дел на Бангладеш се евакуирани во 4.000 засолништа, а поради претстојното невреме затворени се сите училишта во регионот.

Индискиот метеоролошки оддел соопшти дека се очекува ветерот да достигне максимална брзина до 120 километри на час, со налети до 135 км на час што ќе го погодат островот Сагар во Западен Бенгал и регионот Кепупара во Бангладеш во недела на 26-ти мај ноќе.

Ова е првиот циклон во Бенгалскиот залив пред овогодинешната сезона на монсуните, која трае од јуни до септември.

Индиските брегови често се погодени од циклони, но промената на климатските обрасци предизвика тие да станат поинтензивни, што ги прави подготовките за природни катастрофи поитни.

Можете да прочитате

Лавров: Зеленски и Кулеба зборуваат спротивно за перспективата на преговорите со Русија

Блинкен се сретна со својот кинески колега Ванг Ји во Лаос

Евакуирана железничката станица Сен-Шарл во Марсеј поради оставен багаж