Утрински Весник
Македонија

Балканскиот медиумски камион пристигнува во Македонија

Balkan news truck macedonia 1.png
Dik 300x250 mk

Балканскиот медиумски камион (Balkan News Truck) пристигнува во Македонија. По возбудливата турнеја во Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија, Balkan News Truck продолжува со своето патување и овој пат ќе застане во Битола, Гостивар, Штип и Скопје.
Каде и кога?
• Битола – 3 и 4 ноември, Широк Сокак, спроти кафе-бар Јагода
• Гостивар – 6 и 7 ноември, паркинг пред гимназијата СОУ Гостивар
• Штип – 10 и 11 ноември, Градски плоштад Слобода
• Скопје – 13 и 14 ноември
Balkan News Truck е патувачка платформа што ги истражува вестите, сликите и критичкото размислување. На секоја станица, камионот ќе биде поставен на централни јавни простори, нудејќи проекции, квизови и разговори за тоа како настануваат информациите, како се споделуваат и како ги доживуваме.
Ова е можност за граѓаните да се соберат, да разменат мислења и да ги согледаат вестите од поинаква перспектива — со цел да се поттикне критичко размислување, медиумска писменост и отворен дијалог за улогата и влијанието на информациите во секојдневниот живот.
Настаните се бесплатни и отворени за сите. За повеќе информации за програмата, говорниците и локациите тука: https://balkan-voices.com/BALKAN-NEWS-TRUCK/
Македонската турнеја на Balkan News Truck е дел од предпрограмата на Деновите на медиумска писменост, што ќе се одржат од 17 до 24 ноември 2025 година.

ЗА ПРОЕКТОТ BALKAN NEWS TRUCK | Од септември до ноември 2025 година, низ шест земји од Западен Балкан — Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Северна Македонија и Србија — Балканскиот медиумски камион ќе посети 20 градови, нудејќи им на граѓаните, особено на младите, интерактивни квизови, дискусии, работилници и видео-проекции. Неговата цел е да ја истражи улогата на информациите во современото општество и да ја зајакне отпорноста на граѓаните кон дезинформации и манипулации. Во Северна Македонија, турнејата ќе се реализира во периодот меѓу 2 и 15 ноември, со посети во Битола, Гостивар, Штип и Скопје како дел од предпрограмата на Денови на медиумска писменост (17-24 ноември 2025).
Балканскиот медиумски камион е иницијатива што ја спроведува CFI – Француската Агенција за развој на медиуми во партнерство со Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис, а со поддршка на Министерството за Европа и надворешни работи на Франција, во рамките на проектот Shared Horizons.

Можете да прочитате

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

Над 130 лица се лишени од слобода во октомври поради поседување на наркотични средства, запленета поголема количина дрога

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади