
Во организација на Македонско-Американската Алумни Асоцијација (МААА) од денеска до 29 мај ќе се одржи Балканскиот Самит на Алумни „Securing Regional Prosperity through NextGen Leadership“. Настанот е поддржан од Амбасадата на САД во Скопје.
На самитот во хотел „Мериот“ од 9, 30 часот, ќе учествуваат млади алумни – учесници во програми на американската влада – од седум земји од регионот: Северна Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Бугарија. Целта на Самитот е да се поттикне активната улога на младите лидери во унапредување на демократските вредности, регионалната соработка и стабилноста.
На отворањето на настанот ќе збруваат претседателката на МААА Зорица Трајкова Стрезовска, заменик амбасадорката на САД Никол Варнес, претседателот на Собранието Африм Гаши и гувернерката на НБРСМ Анита Ангеловска Бежоска.
По воведните обраќања ќе следи панел-дискусија со учество на Малинка Ристевска Јорданова, членка на Советот за безбедност, Ментор Врајоли, извршен директор на Косовскиот центар за безбедносни студии, Викторија Трајков, заменик министерка за европски прашања и Фатмир Бесими, поранешен министер за финансии.