Утрински Весник
Спорт

Баерн мора да победи со два разлика, ПСЖ брани комотна предност во Сан Себастијан

42023 24.jpg

Вечерва со почеток во 21:00 часот се играат првите два реванш натпревари од осминафиналето на Лигата на шампионите. Баерн кој е во криза го очекува средба на Алијанц Арената на која ќе треба да ја надополни негативата од првиот натпревар со Лацио, додека Пари Сен Жермен ќе се обиде да ја потврди победата од првиот натпревар против Реал Сосиедад во Сан Себастијан.

Германскиот шампион моментално заостанува десет бода зад Баер во Бундеслигата и веќе им ја предаде шампионската титула на „фармацевтите“.

Проблеми има и во Лигата на шампионите каде во првиот осминафинален натпревар загуби од римски Лацио со 0:1. Стрелец на единствениот гол на тој натпревар беше Чиро Имобиле од пенал во 69. минута.

„Ситуацијата е јасна, мора да победиме со два гола разлика добро организиран тим. Притисокот е да се играат натпревари на највисоко ниво. Потребен е притисок за да се постигнат врвни резултати”, изјави Тухел на прес-конференцијата и додаде дека не стравува дека вечерва можеби последен пат ќе го води Баерн.

„Не сум загрижен дека дуелот со Лацио би можел да биде мојот последен меч во Баерн, а за другите не знам. Можам да кажам дека никој не сака да победи на овој натпревар повеќе од мене“.

Ситуацијата на францускиот шампион е многу поудобна. Со головите на Килијан Мбапе и Бредли „светците“ обезбедија победа од 2:0 во првиот натпревар против Реал Сосиедад.

Ова му гарантира мирен реванш на ПСЖ. Сигурно е дека Луис Енрике со најсилниот состав ќе му се спротивстави на Сосиедад кој се наоѓа во резултатска криза.

Енрике на прес-конференцијата ги избегна прашањата за Мбапе и неговото заминување на крајот од сезоната, а не му гарантира ниту целосна минутажа на овој натпревар. Пред повеќе од еден месец тој го одигра последниот натпревар во кој ги одигра сите 90 минути.

Натпреварите во Минхен и Сан Себастијан ќе започнат во 21 часот.

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност