Раководството на германскиот фудбалски шампион Баерн Минхен планира да го продолжи договорот со францускиот дефанзивец Лукас Ернандез, пренесува „Билд“.
По завршувањето на Мундијалот, Баварците и Французинот ќе потпишат нов договор. Актуелниот договор на играчот е до летото 2024 година.
Дефанзивецот доживеа тешка повреда, кинење на предните вкрстени лигаменти на десното колено на првиот натпревар на Франција од групната фаза на Светското првенство против Австралија (4:1).
Тој е опериран и се очекува да паузира најмалку шест месеци. Повредата на играчот сепак нема да влијае на планираниот нов договор со клубот.