Баерн Минхен и Тотенхем ќе го продолжат преговорите околу трансферот на Хари Кејн. Челниците на клубот од Минхен, вчера беа на преговори во Лондон. Преговорите завршија неуспешно и покрај тоа, што според медиумите, Баерн минудиле 100.000.000 евра.
Според „Скај спорт“, разликата меѓу понудата на Баерн и она што го бара Даниел Леви е 25.000.000 евра. .
Доколку двата клуба постигнат договор, Баерн ќе го урне клупскиот трансфер рекорд. Во 2019 година, за услугите на Лукас Ернандез, Баварците на Атлетико Мадрид му платија 80.000.000 евра.