Тестаментот на постара жена од Австрија го шокираше нејзиното семејство, кое по нејзината смрт дозна дека своето богатство од милион долари таа го оставила на водоинсталатер.
Тој наследил имот од 3.000 метри квадратни вреден три милиони евра.
Семејството го обжали тестаментот, но адвокатот рече дека, законски, работата е завршена.
Прво се посомневале дека нешто не е во ред кога откако завршила во болница, за најблиска личност именувала водоинсталатер, а не член на семејството.
Како што пишува германски „Крон“, нејзиниот сопруг починал во 2018 година, а бидејќи парот немал деца, жената останала сама.
Семејството соопшти дека жената ги прекинала врските со нејзините роднини, вклучително и нејзината сестра и нејзините деца.
По една година запознала водоводџија, кој изгледал како добар човек.
„Се додека не се докаже дека се работи за некаква измама, семејството не може да направи ништо, а сега би било потешко да се докаже оти жената е почината“, изјави адвокатот Лоренс Кришнер.