Утрински Весник
Свет

Бајден со порака до Зеленски – да престане да бара се поголема воена помош

Шолц и Бајден: Нуклеарните закани на Кремљ се неодговорни

Бајден приватно го повикал Володимир Зеленски да престане да бара се поголема воена помош, велејќи дека тој веќе прави доволно, пишува „Вашингтон пост“, пренесува РТ.

dobivaj vesti na viber

Во изминатите неколку месеци американскиот претседател Џо Бајден помина многу часови во преговори со индискиот премиер Нарендра Моди, јужноафриканскиот претседател Кирил Рамафоса и други странски лидери кои не секогаш ја поддржуваа западната коалиција за поддршка на Украина, барајќи од нив да се свртат против Русија, пренесува медиумот.

Во овој поглед Белата куќа беше пријатно изненадена кога – благодарение на напорите на Бајден – Моди сепак го повика Путин да „го следи патот на мирот“, анализира весникот.

Анонимен извор од Белата куќа ги нарекол зборовите „невообичаени за лидер кој направи сè што е можно да остане неутрален во конфликтот во Украина“.

Како што забележува „Вашингтон пост“, Бајден сега работи напорно за да го одржи она што стана главна цел на неговото претседателствување – глобалната и домашната коалиција за поддршка на Украина.

Гласањето во Обединетите нации за нацрт-резолуцијата со која се осудува руската анексија на четири нови региони во среда ќе биде главен тест за напорите на администрацијата на Бајден, пишува во написот.

Според весникот, Вашингтон се надева дека ќе ги убеди земјите од Латинска Америка, Азија и Африка да не заземаат неутрална позиција и да не ја осудуваат Москва.

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk