Утрински Весник
Свет

Бајден со нетрпение ја очекува соработката со Нетанјаху

Бајден со нетрпение ја очекува соработката со Нетанјаху

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави денеска дека со нетрпение очекува да работи со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и да го промовира регионалниот мир, вклучително и мирот меѓу Израелците и Палестинците.

dobivaj vesti na viber

„САД ќе продолжат да го поддржуваат решението за две држави и ќе се спротивстават на политиките што ја загрозуваат неговата одржливост или се во спротивност со нашите заеднички интереси и вредности“, рече Бајден во изјавата објавена од Белата куќа, пренесе Ројтерс.

Новата израелска влада претходно денеска положи заклетва, со што Бенјамин Нетанјаху стана премиер по рекорден шести пат, објави британската агенција.

Можете да прочитате

Трет ирански проектил соборен пред да удри во нуклеарното гнездо на НАТО

Макрон: Франција не е во војна со никого, нашето присуство на Блискиот Исток е одбранбено

Израел фрли летоци над Бејрут: Повик до граѓаните да му се спротивстават на Хезболах