Утрински Весник
Свет

Бајден одлучи да не испорачува проектили ATACMS на Украина

Бајден одлучи да не испорачува проектили ATACMS на Украина

Белата куќа денеска објави дека САД ќе испорачаат важни системи за противвоздушна одбрана на Украина, но засега нема да ги достават ракетите со долг дострел ATACMS што ги бара Киев.

dobivaj vesti na viber

„Американскиот претседател Џо Бајден одлучи да не дава ракети ATACMS, но не ја отфрли можноста за во иднина“, изјави на прес-конференција советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан.

Зеленски: Би бил разочаран ако морам да ги напуштам САД без моќни тактички проектили

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој е во посета на САД, оваа недела изјави дека ќе биде разочаран доколку мора да го напушти Вашингтон без моќни тактички проектили.

Саливан оцени дека благодарение на американската воена помош, украинските сили успеале „за три месеци да ослободат повеќе територии отколку што Русите освоиле за осум месеци“.

„Неколку големи украински градови денес не се под руска окупација или доминација. Пред се, благодарение на храброста на украинските војници и на украинскиот народ, но исто така, и тоа не е занемарливо, благодарение на материјалната поддршка што ја дадовме. “ изјави Саливан.

Некои републикански пратеници бараат САД да престане да обезбедува финансиска и воена помош за Украина.

Можете да прочитате

Во нападот на толпа на хотел со мигранти во Ротерхем повредени се најмалку 10 полицајци

Најмалку 25 лица, главно деца, убиени во израелски напади врз училишта во Газа

Том Круз ќе ги затвори ЛОИ во Париз