Утрински Весник
Свет

Бајден: Неверојатно е важно да се одреди како кокаинот влезе во Белата куќа

Бајден ќе им оддаде признание на оние кои го бранеа Капитол

Американскиот претседател Џозеф Бајден е информиран за истрагата за откривање кокаин во Белата куќа.

dobivaj vesti na viber

Тој верува дека е неверојатно важно да се утврди како супстанцијата стигнала таму, изјави денеска портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.

„Претседателот верува дека е неверојатно важно да се истражи ситуацијата до крај“, рече Жан-Пјер, пренесува АП.

„Ројтерс“ објави, цитирајќи неименуван извор, дека кокаинот бил пронајден во полица во влезната област на западното крило на Белата куќа, каде што посетителите оставаат електронски уреди и други предмети пред да одат на турнеи.

За време на откривањето на кокаинот, Бајден не бил во Белата куќа, но бил во Кемп Дејвид со членовите на семејството за време на празничниот викенд на Денот на независноста.

Белата материја била пронајдена во неделата по што била повикана противпожарната служба да ја тестира за да се увери дека не е опасна.

Таа на првиот тест била позитивна на кокаин, што било потврдено и со секундарна чувствителна лабораториска анализа.

Можете да прочитате

Бројката на загинати во пожарот во комплексот во Хонг Конг се зголеми на 75, ќе расте уште

Северна Кореја го воведе рускиот јазик како задолжителен предмет во училиштата

Обвинителката Бонди ќе бара смртна казна за осомничениот што пукаше во припадниците на Националната гарда