Утрински Весник
Свет

Бајден Не очекува во блиска иднина да се дојде до договор за прекин на огнот во Газа

1707053089 Unnamed File.webp.webp

Американскиот претседател Џозеф Бајден рече дека не очекува да се постигне договор за прекин на огнот во Газа во блиска иднина, „бидејќи предлогот поддржан од САД и меѓународната заедница не е целосно прифатен или од Израел и од Хамас“.

Бајден изјави дека меѓународните лидери на самитот на Г7 во Италија разговарале за прекин на огнот, но на новинарско прашање дали наскоро ќе биде постигнат договор за примирје, Бајден едноставно одговори – „Не“, пренесе Бета.

Претходно денеска, американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан ги негираше тврдењата дека Израел не е целосно посветен на предлогот за прекин на огнот со Хамас.

-Израел го прифати овој предлог. Израел не го спротивстави ниту го повлече, рече Саливан. Хамас одговори на планот нудејќи свои амандмани.

Хамас вели дека бараните промени имаат за цел да гарантираат траен прекин на огнот и целосно повлекување на израелските трупи од Газа. Предлогот за прекин на огнот објавен од Бајден ги вклучува тие одредби, но Хамас изрази претпазливост околу тоа дали Израел воопшто ќе ги спроведе условите

Можете да прочитате

Нетанјаху ја прекина посетата на САД

Турски градежен изведувач доби 62 доживотни казни затвор поради урнатите згради во земјотресот

Галант: Ќе продолжиме со силните удари врз Хезболах