Утрински Весник
Свет

Бајден: Нападите ја демонстрираат целосната бруталност на илегалната војна на господинот Путин

Бајден: Нападите ја демонстрираат целосната бруталност на илегалната војна на господинот Путин
Dik 300x250 mk

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска ги осуди руските ракетни напади во Украина велејќи дека тие ја покажале целосната бруталност на војната на рускиот претседател Владимир Путин против украинскиот народ.

dobivaj vesti na viber

„САД силно ги осудуваат руските ракетни напади извршени денеска во Украина, вклучително и Киев. Во овие напади загинаа и ранети се цивили и уништени се цели, кои немаат воена цел. Тие уште еднаш ја демонстрираат целосната бруталност на илегалната војна на г. Путин против украинските луѓе“, рече Бајден, пренесе „Ројтерс“.

Украинските власти денеска соопштија дека Русија извршила ракетни напади врз многубројни украински градови, а според податоците на киевската полиција, идентификувани се 11 жртви на нападот, додека 65 лица се ранети.

Можете да прочитате

Прва фотографија од бебе-планета во прстен околу ѕвезда

Прва фотографија од бебе-планета во прстен околу ѕвезда

Орбан предизборно ќе исплати 14-та пензија