Утрински Весник
Свет

Бајден: „Кина е темпирана бомба, имаат некои проблеми, не е добро“

Бајден: „Кина е темпирана бомба, имаат некои проблеми, не е добро“

Американскиот претседател Џо Бајден ја нарече Кина „темпирана бомба“ поради економските предизвици со кои се соочува земјата.

dobivaj vesti na viber

„Тие имаат некои проблеми. Тоа не е добро, бидејќи кога лошите момци имаат проблеми, тие прават лоши работи“, рече Бајден на политички митинг во државата Јута, пренесе Ројтерс.

Тој додаде дека Пекинг е во неволја, истакнувајќи дека не сака да и наштети на Кина, туку дека сака рационален однос со таа земја.

Неговите изјави се однесуваат на фактот дека кинеската економија паднала во дефлација, наведува британската агенција, додавајќи дека Кина можеби влегува во ера на многу побавен економски раст, со стагнирачки потрошувачки цени и плати.

Во средата, американскиот претседател потпиша извршна наредба за забрана на одредени американски инвестиции во Кина во секторот на полупроводници и микроелектроника, секторот за квантна информатичка технологија и одредени системи за вештачка интелигенција.

Можете да прочитате

ОАЕ ќе вложи 800 милиони долари во сириското пристаниште Тартус

Шпанскиот премиер го нарече Израел геноцидна држава

Трамп: Сакам да се сретнам со Путин што е можно поскоро