Утрински Весник
Економија

Бајден: Инфлацијата во Америка опаѓа, но не треба ништо да земаме здраво за готово“

Шолц и Бајден: Нуклеарните закани на Кремљ се неодговорни

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека инфлацијата во САД опаѓа и дека работите се движат во вистинска насока, иако има уште работа.

dobivaj vesti na viber

„Ќе треба време инфлацијата да се врати на нормално ниво. Како што се движиме кон стабилизирање на растот, би можеле да се соочиме со пречки на патот. Ништо не треба да земаме здраво за готово“, вели Бајден, пренесува Ројтерс.

Тој додаде дека неговата цел е да го стави растот на цените под контрола без да го загрози економскиот раст и да ја намали инфлацијата, а истовремено да ја зачува отпорноста на пазарот на трудот.

Американското Министерство за труд денеска објави дека инфлацијата во САД во ноември се зголемила за 0,1 отсто на месечно ниво, а на годишна основа за 7,1 отсто, забавувајќи се во однос на октомвриското ниво.

Базичната инфлација, која ги исклучува нестабилните цени на храната и енергијата, е зголемена за 0,2 отсто во однос на октомври, а во однос на ноември 2021 година е зголемена за 6,0 отсто. Годишната базна стапка на инфлација во октомври изнесуваше 6,3 отсто.

Можете да прочитате

СДСМ: Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ

Бензините и дизелот поскапуваат за 1,5 денари

Над 150 милиони евра од унгарскиот кредит префрлени кај бизнисот, во четврток состанок со општините за договорите од вториот повик