Утрински Весник
Свет

Бајден и Кишида се договорија за продлабочување на соработката, заеднички против амбициите на Кина

Бајден и Кишида се договорија за продлабочување на соработката, заеднички против амбициите на Кина

Јапонскиот премиер Фумио Кишида и американскиот претседател Џозеф Бајден се договорија во Вашингтон за продлабочување на заедничката безбедносна соработка со цел да се спротивстави на влијанието на Кина во индо-пацифичкиот регион.

dobivaj vesti na viber

Бајден ја поддржа неодамнешната одлука на Јапонија практично да го удвои воениот буџет на земјата во следните пет години и на тој начин да се подготви за можни закани од Кина и Северна Кореја.

Кишида во Белата куќа рече дека Јапонија и САД се во „сложена безбедносна средина“ и дека радикалното зголемување на воениот буџет на Јапонија ќе им помогне на заедничките напори на Токио и Вашингтон и политиката на одвраќање на Кина,пренесе Танјуг.

Можете да прочитате

САД ги прекинуваат преговорите за примирје во Газа

Трамп неочекувано ја поддржа „Тесла“ по падот на акциите

Најмалку 12 загинати и над 100 повредени во експлозии во Сирија