Утрински Весник
Свет

Бајден го предупреди Нетанјаху – 24info.mk

Picture 887 660x487 1.jpg

Американскиот претседател Џо Бајден повторно му порача на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека не треба да продолжи со воена акција во Рафа без кредибилен и спроведлив план за заштита на палестинските цивили, соопшти Белата куќа. Двајцата лидери синоќа разговараа по вторпат за помалку од една недела, при што Бајден повторно го предупреди Нетанјаху да не започнува операции во јужниот дел на Газа без безбедносен план за околу еден милион луѓе кои се засолниле таму. „Тие, исто така, разговараа за тековните преговори за ослободување на заложниците, при што Бајден вети дека ќе продолжи да работи деноноќно за да им помогне на луѓето кои поминале 132 дена во заробеништво на Хамас“, соопшти Белата куќа. Претходно овој месец, Бајден рече дека воениот одговор на Израел во Газа е „претеран“ и изрази голема загриженост поради се поголемиот број цивилни жртви во палестинската енклава.

Можете да прочитате

Барел нафта во Дубаи на рекордни 166 долари

Полицијата во Абу Даби соопшти дека уапсила 109 лица за ширење лажни информации за војната на Блискиот Исток

Патријархот на Украинската православна црква, Филарет почина на 97 години